English



KN Sure во Источна Европа

 

Kuehne + Nagel со секоја пратка управува со најголема грижа и внимание. KN Sure – осигурување скроено по мерка на клиентите на Kuehne + Nagel, кое дозволува да уживате во придобивките на осигурувањето на пратките.

Согласно карактерот на пратките со кои управува Kuehne + Nagel, можеме да понудиме соодветно осигурување по конкурентни цени. Нашите специјалисти за осигурување, во 30 држави низ цветот, можат да обезбедат флексибилни решенија за осигурување, скроени да ги задоволат Вашите уникатни барања.

Осигурување на пратките никогаш не било полесно!

Зашто осигурувањето на пратките е толку неопходно?

Во тек на транспортот, стоката е изложена на ризик на неочекувани настани кои се вон контрола (пожар, експлозија, кражба, хаварија, невреме, поплава и други временски неопходи) кои можат негативно да влијаат врз вашиот бизнис. Независно дали транспортот се одвива преку копно, воздух или море, одговорноста на транспортерите е секогаш ограничена.

Транспортерите се одговорни да обештетат само ако се исполнат ови три услови:

1. Оштетата / загубата настанала под надзор на транспортерите

2. Одговорноста на транспортерот е докажана

3. Одговорноста не е исклучена од меѓународните конвенции

Ваши предности

  • Конкурентни осигурителни премии
  • Покриеност “врата до врата“, вклучувајќи ги товарењето и истоварот
  • Обештетување до осигурената вредност, без оглед на тоа кој е виновен и каде настанала штетата
  • Сигурност преку нашите, најдобри во класата осигурителни друштва
  • Премија додадена на фактурата за транспорт по пратка
  • Без административни процедури, пратките автоматски се осигуруваат преку Kuehne + Nagel
  • Сертификат за осигурување генериран преку напредното интегрирано e-insurance осигурување и отпечатено од Kuehne + Nagel

Портфолио на производи подготвено за сите случаиKuehne + Nagel креираше разновидност од услуги, од едностнавни до детални покривања во осигурувањето, специјално за своите клиенти. Под брендот KN Sure ние нудиме специфични индустриски решенија за осигурување, за да ги поддржиме Вашиот бизнис низ сите етапи од транспортот.