Збирната патна мрежа на Kuehne + Nagel нуди покривање на 38 држави во Европа. Сите земји се поврзани со еден централен магацин и еден нов регионален магацин. Директните линии ја надополнуваат мрежата со врски „од терминал до терминал“ и „од врата до врата“. Сите активности се координираат од нашиот центар за транспортно управување поддржан од високотехнолошки IT решенија.

Од неодамна Kuehne + Nagel го отвори централниот магацин во Виена за збирни пратки од и кон Европа. Новиот источноевропски магацин ќе ги поврзува сите главни држави во Источна Европа. Централизираната збирна платформа овозможува подобра искористеност на просторот, намалени транзитни времиња и зголемен број на дневни поаѓања низ цела Европа.


 


 


 

Во Kuehne + Nagel ние можеме да обезбедиме:

  • стандардни процедури кои обезбедуваат лесен транспортен процес
  • силен и доверлив партнер на ваша страна
  • прецизни, доверливи времиња на поаѓање за оптимално логистичко планиеање
  • флексибилност во оптимизирањето на Вашиот ланец на набавки

Опис на стока за збирни пратки:

  • општа стока соодветна за копнен транспорт и за повеќе функционални ракувања со истата
  • товарна/нетоварна стока според задниот дел на камионот
  • Максимална должина по единица: 2.40 м
  • Максимална висина по единица: 2.20 м
  • Максимална тежина по единица: 1.500 кг
  • Максимум тежина по пратка: 2.500 кг
  • Сите пакети со тежина над 30 кг треба да бидат пренесени со специјални оперативни машини (пр. вилушкар)

Зашто да ја користите нашата збирна мрежа?

  • фиксните времиња на поаѓање Ви овозможуваат подобро логистичко планирање
  • интегрирана збирна мрежа низ цела Европа
  • целосна интеграција помеѓу Европа и домашните логистичари
  • возен парк со највисоки стандарди за околината
  • дистрибуција со камиони кои имаат АДР дозвола и/или задна рампа
  • Назад на страната за камионски транспорт