Збирната патна мрежа на Kuehne + Nagel нуди покривање на 38 држави во Европа. Сите земји се поврзани со еден централен магацин и еден нов регионален магацин. Директните линии ја надополнуваат мрежата со врски „од терминал до терминал“ и „од врата до врата“. Сите активности се координираат од нашиот центар за транспортно управување поддржан од високотехнолошки IT решенија.

Од неодамна Kuehne + Nagel го отвори централниот магацин во Виена за збирни пратки од и кон Европа. Новиот источноевропски магацин ќе ги поврзува сите главни држави во Источна Европа. Централизираната збирна платформа овозможува подобра искористеност на просторот, намалени транзитни времиња и зголемен број на дневни поаѓања низ цела Европа.

Нашата услуга нуди:

  • Фиксни времиња на поаѓање
  • Дневни испораки до Виена
  • Врата до врата испорака
  • Конкурентни цени
  • Доверливи транзитни времиња
  • Транспортно осигурување
  • Флексибилност

Ваши предности со нашата збирна мрежа:

  • Двапати неделно поаѓање од Виена за Скопје
  • Фиксните времиња на поаѓање Ви овозможуваат подобро логистичко планирање
  • Прецизните и доверливи транзитни времиња Ви овозможуваат висока флексибилност
  • Целосна интеграција помеѓу европските и домашните логистички специјалисти
  • Високо квалитетна мрежа на која можете да сметате

Ваша доверлива врска со Европа

Збирен камионски транспорт преку Виена Find out more

Информации за услугата

Општи информации за збирниот транспорт Find out more

Транспортно осигурување

Вашите пратки се сигурни и во вистински раце! Find out more

  • Назад на страната за камионски транспорт