Доколку немате доволно стока да наполните цел контејнер, тогаш услугата збирен контејнерски транспорт (LCL) е прифатливо решение за Вас. 

Долгогодишното искуство и вложувањето на Kuehne + Nagel во LCL услугите, овозможува ние на своите клиенти да им понудиме брз и ефикасен сервис. Бројните канцеларии низ светот, му овозможуваат на Kuehne + Nagel да ги контролира пратките за збирен контејнерски транспорт, да го одредува транзитното време, ефикасноста на трошоците и протокот на информации.     

Директни LCL услуги од Сингапур до Скопје

  • Конкуретни цени почнувајќи од 88 ЕУР / м3
  • Транзитно време почнувајќи од 28 дена
  • Консолидација на пратките во магацините на Kuehne + Nagel во Сингапур
  • Можност за локална испорака насекаде во Македонија
  • KN Login за контрола и следење на пратките

Информации за услугата

Прочитајте повеќе за LCL услугата Find out more

KN Login

Прегледност на пратките Find out more

KN LCL Plus

Транспортно осигурување на LCL пратките Find out more

Комлетен бродски транспорт

Kuehne + Nagel е една од светските водечки бродски компании која нуди висок степен на флексибилност во обезбедувањето на сигурни товари насекаде во светот, како и комплетна транспарентност на движењето на пратките преку софистицираниот систем за следење и прегледност на пратките KN Login.

Нашите 8,000 специјалисти за бродски транспорт, можат да Ви обезбедат флексибилни решенија, прилагодени според Вашите потреби и барања.

Во Источна Европа имаме 27 канцеларии за бродски транспорт, со повеќе од 350 специјалисти за бродски транспорт.

Специфични индустриски решенија

  • Контејнери на одржување (ладилник)

  • Храна и други чуствителни производи

  • Логистика на пијалоци

  • Високо вредна и технолошка стока

  • Индустриска стока

  • Автомобилска индустрија

  • Индустрија на малопродажба

Ваши предности при користење на услугата за бродски транспорт на Kuehne + Nagel:

  • Високи стандарди во управување со товарот (мала штета/ помал губиток).

  • 24/7 интернет базирана прегледност и управување на пратките преку KN Login (комплетна историска и очекувана информација за пратката, вклучувајќи комерцијална фактура и пакинг листа преку секој стандарден интернет пребарувач).

  • Гарантирано место и опрема на располагање, нешто на кое можете да сметате.

  • Доверлив и квалитетен процес на консолидација и претовар на Вашите пратки во магацините на Kuehne + Nagel.

  • Моментални алтернативни решенија, благодарение на флексибилните и блиско партнерските односи со најдобрите бродски компаниии во класата.

  • Ефикасни интермодални решенија преку Бродско-Авионскиот транспорт со брзи времиња на испорака од 15 до 25 дена (Далечен Исток - Европа).