Kuehne + Nagel е глобална логистичка мрежа која обезбедува сложени логистички решенија прилагодени на потребите на компаниите. Групацијата која е основана во 1890 година во Бремен, Германија денес брои над 55.000 вработени во над 900 канцеларии во повеќе од 100 земји во светот.
Можностите на нашиот логистички менаџмент вклучуваат бродски транспорт, авионски транспорт, камионски и железнички транспорт, договорна логистика како и специјални решенија.
Покрај лидерската позиција во меѓународните транспорти, со превземањето на ACR logistics во 2006 година, Kuehne+Nagel прерасна во клучен логистички партнер на компаниите во делот на договорната логистика.
Kuehne + Nagel во Македонија постои од 1996 година. Како дел на глобалната логистичка мрежа ние нудиме професионална поддршка на нашите клиенти и претставуваме значаен логистички партнер кој има свој придонес во нивниот успех.